Албанија изгуби од Шпанија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Албанија со 1:0 во последниот натпревар од групата Б на Европското првенство. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Феран Торес во 13. минута.

Шпанија собра девет бода од три натпревари и заврши на првото место во групата. Албанија има само еден бод и е елиминирана од натпреварувањето.

Шпанија уште пред последното коло го обезбеди првото место во групата, па селекторот Луис де ла Фуенте го одмори првиот состав. Почнаа резервите, а Албанија играше со најсилниот состав. Но, Шпанците беа доминантни во првото полувреме и поведоа во 13. минута со голот на Феран Торес.

Дани Олмо ја прими топката во албанската половина и одлично ја турна во просторот за Торес. Крилниот напаѓач на Барселона брилијантно застана зад одбраната и со левата нога го погоди далечниот агол од голот на Стракоша. Албанскиот голман немаше многу шанси. Шпанците имаа повеќе можности, додека Албанците се мачеа во првото полувреме да го минат центарот.