Албанија слави, обезбеди пласман на EП 2024

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Репрезентацијата на Албанија обезбеди учество на Европското првенство во 2024 година кое ќе се одржи во Германија, откако денеска освои бод на гостувањето кај Молдавија, што беше доволно да направи разлика од четири бодови на едно коло до крајотна квалификациите.

Албанија има 14 бодови, или три повеќе од Чешка која е на второто место, но и тоа води на ЕП, додека има четири повеќе од Молдавија и од Полска.

Албанија поведе со голот на Цикалеши од пенал, а Бабогло во 87. минута израмни. На Молдавија и одговараше само победа, но не успеа да дојде до неа.

Претходно пласман на ЕП покрај домаќинот Германија, обезбедија и Шпанија, Шкотска, Франција, Англија, Турција, Австрија, Белгија, Унгарија, Португалија и Словачка.