Алегри: Роналдо е полн со ентузијазам

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се огласи по победата над Монца (2-1) во Купот „Луиџи Берлускони“.

-Роналдо пристигна во тимот и е полн со ентузијазам. Тој е мотивиран исто како и останатите наши фудбалери. Дибала има проблем со мускулите на левата нога. Треба да биде подготвен да игра со Барселона (8 август). Кај Кулушевски гледам потенцијал, но треба значително да се подобри. Има само 21 година, треба да игра поагресивно пред голот, да дејствува поефикасно, изјави Алегри за Спорт Медиасет.

Алегри ова лето се врати на тренерското место во Јувентус. Од него се очекува да ја врати во Торино шампионската титула која мината сезона ја освои Интер.