„Алфа“ 27 месеци чека повторно судење – Врховен вели дека сѐ уште постапува по предметот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

27 месеци по ред Агим Ислами од случајот „Алфа“ чека како заложник во затвор дали ќе има повторно судење за неговиот случај. Кривичниот суд не може да донесе одлука за повторување на случајот поради одлуката што ја чека од Врховниот суд за другиот обвинет во овој случај, Алмир Дрпљанин. Поранешниот обвинет за „Алфа“ Рамиз Даути вели дека доцнењата што се прават по судовите му штетат на Ислам.

„Спречени сме затоа што 16 месеци Апелациониот суд, сега 3 месеци Врховниот суд и тоа се 20 месеци, плус испративме и ново вештачење што значи дека мора автоматски и итно да се донесе одлука кога има нови факти или нови докази за одреден случај. Дефинитивно имаме надеж, имаме многу надеж затоа што сме убедени дека Агим е невин во затворот затоа што и самиот бев сведок на случајот, јас самиот бев уапсен за тој случај и надежите се големи“, порача Рамиз Даути.

Од Врховен, не наведувајќи премногу детали, за ТВ21 накратко рекоа дека се постапува по предметот. Но, адвокатот на Алмир Дрпљанин, Асмир Алиспахиќ, оценува дека предметот ризикува да се продолжи уште бидејќи очекуваат да се одржи јавна расправа на која како страна на одбраната ќе ги кажат своите жалби и потоа ќе се донесе каква било одлука. Алиспахиќ објаснува дека за секој случај кој е во притвор мора итно да се дејствува, но тоа не се случува во случајот со Дрпљанин.

„Посочениот предмет во Врховниот суд е поставен на 20.4.2023. На 2.5.2023 година, согласно Законот за кривичната постапка предметите се доставени до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. На 29.6.2023 година конкретниот предмет со мислење на Јавното обвинителство е вратен во Врховниот суд и истиот се следи“, вели Врховен.

Судскиот совет пред неколку месеци констатира задоцнување во случајот Алфа, за кој беа изречени дисциплински мерки на судиите кои го одлагаа предметот. Одбраната на Ислами во јуни 2021 година до Кривичен го достави вештачењето изготвено во Србија, каде што беше утврдено дека Агим Ислами и покојниот Реџаил Ќерими не се сторители на кривичното дело и дека истите се осудени по незаконски и монтирани докази. Ислами е во затвор 15 години, а е осуден на доживотен затвор за убиството на албанскиот полицаец на 26 ноември 2008 година на паркингот во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје.