За повторно отворање на случајот „Алфа“, самиот Кривичен суд побара супервештачењето на видеото да се направи во странство, бидејќи ова вештачење не можеше да се направи во земјава, а сега истиот суд не го прифаќа супер – вештачењето од Центарот за форензички истражувања во Србија. ТВ21 обезбеди дел од него, што докажува дека сторителите кои ги извршиле убиствата не се лицата кои се осудени.
„Снимката што ја сними безбедносната камера овде на паркингот на Природно-математичкиот факултет на периферијата на Скопје, е недоволна за Кривичниот суд да ги докаже вистинските убијци од случајот „Алфа“ каде во 2008 година се случи напад врз единицата Алфа при што едно лице загина, а двајца се повредени. Но, вистинските убијци се уште не се познати и според одбраната, лица кои се невини се праќаат во затвор, а еден од нив починал за време на издржување на доживотна казна затвор“, вели репортерот на ТВ21.
Уапсениот, а потоа ослободен во овој случај, Рамиз Даути, се чуди зошто судските власти не го прифаќаат вештачењето направено надвор од земјава, кога други претходно се прифаќани.
„Во однос на вештачењето, имаше два-три случаи од Р.Србија, не знам детали, но последниот е предметот на Онкологија каде е прифатена снимката, искористена е против обвинетата страна и се било во ред бидејќи Македонија нема услови, нема средства да го направат ова, имаат прифатено експертиза од странство. Во нашата експертиза се заглави со тоа што го кажав, дека нема средства“, вели Рамиз Даути.
Одбраната нема да остане на тоа. Адвокатката Артене Исеини тврди дека ќе ги искористат сите средства, судот да го прифати супервештачењето. Во спротивно ќе се обратат до меѓународните судови.
„Ќе ги искористиме сите механизми предвидени со Законот за кривична постапка и следен чекор ќе биде жалбата до Апелациониот суд и се надевам дека второстепената ќе ја исправи грешката на Кривичниот суд. Откако ќе ги исцрпиме сите правни опции, ќе се обратиме до Судот во Стразбур каде ќе бараме правда за Агим Ислами“, вели Артене Исени.
По долго чекање за повторно судење, осудениот Агим Ислами, кој 17 години е во затвор, а кој тврди дека е невин, и натаму е зад решетки.
На 22 јануари 2022 година во затворот Идризово почина Реџаил Ќерими, кој исто така беше осуден за овој случај.
Настанот се случи пред 16 години, кога на 26 ноември беше убиен полицаецот од единицата Алфа, 38-годишниот Африм Арифи. Повредени се и двајца негови колеги Саше Петровски и Едвард Алексовски со кои во тој момент бил на должност.