Али Ахмети бара органите да го истражат Дрин: Да се разоткрие вистината!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска гласаше на внатрепартиските избори во Кичево.

По завршувањето на гласањето, Ахмети даде и ексклузивна изјава за ТВ21 во врска со неговиот внук Дрин Ахмети. 

Запрашан од новинарката на ТВ21 за случајот со купувањето на Трговскиот центар Соравија, Ахмети одговори дека Дрин не може да ја избегне истрагата. 

Тој увери дека за ова нема да има амнестија или „засолнување“ од негова страна.

„Ни Дрин не може да ја избегне истрагата, да се разоткрие вистината, за ова нема да има пречка и нема амнестија или засолниште од моја страна. Се што ги интересира државните органи, слободно да вршат истраги и да се открие вистината“, рече Ахмети.