Алијанса ќе добие околу 40 функции – ќе се разреши кадар на Алтернатива, но и од Огнената група

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 40 функционери како директори или заменик директори ќе бидат сменети со кадар на Алијансата за Албанците откако оваа партија стана дел од извршната власт. Повеќето функции беа раководени од кадар на Алтернатива, а ТВ21 дозна дел од нив:

  • Во МЕПСО доаѓа Сурија Рашиди на местото на Орхан Муртезани
  • Во Пензискиот фонд доаѓа Арсим Хасани на местото на Дритан Беџети
  • Во Агенцијата за млади и спорт доаѓа Исак Лазами на местото на Амир Билали
  • Во Центарот за социјална политика во Скопје доаѓа Изаир Мемети на местото на Љиридон Бафтиу
  • Во Тетовската болница доаѓа Пелумб Вела на местото на Амир Елези

Алијансата ќе добие и функции со кои претходно раководеше ДУИ. Во Здравствен дом Скопје на местото на Бесим Кока доаѓа Вулнет Селими, а Кока е поддржувач на Огнената група. Истата судбина ја има и Ријад Али, кој ќе биде заменет од Таир Тахири.

ДУИ и отстапи и неколку други функции на Алијанса за Албанците.

  • Сафет Мифтари (заменик директор) доаѓа на местото на Берат Дехари (ДУИ) во Македонски шуми
  • Во Агенција за храна и ветеринарство – Денис Алити (заменик директор) на местото на Бесник Елези (ДУИ)
  • Халит Ферати доаѓа на местото на Ардијан Муслиу (ДУИ) во Државниот просветен инспекторат.

Со Агенцијата за управување со одземен имот ќе раководи Дритон Неби, а од таа функција заминува Фатон Асани од СДСМ. Во Македонска пошта на местото на Васко Стефанов доаѓа Бујаре Абази. Во  Онкологија е именуван економски директор Халид Матоши. Директор на Клиниката за неврологија ќе биде Висар Мифтари, а на Клиниката за дерматологија Генц Селмани, на Офталмологија се враќа Беким Татеши, а нов економски директор на Клиниката за гинекологија ќе биде Ријад Шаќири.

Алијансата за Албанците ќе управува и со неколку Управи кои досега беа под раководство на Движењето Беса, иако Беса одамна не е дел од мнозинството, како што е библиотеката во Тетово, со која ќе раководи Нурије Бајрами, и во Вардар филм доаѓа Бујар Бајрами на местото на Сани Саид.

Потсетуваме дека Алијанса за Албанците стана дел од новото мнозинство при што ќе раководи со три министерства и доби и три заменик министерски функции.