Алијанса за Албанците спремна да го поддржи Касами во вториот круг во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Елми Азири од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива во дебатната емисија „Click Plus“ на ТВ21 изјави дека се спремни во вториот круг од локалните избори да го поддржат кандидатот на Беса во Општина Тетово, Биљал Касами.

„Наредните денови очекуваме да имаме преговори со Беса. Да видиме, можно е да дојдеме до некоја соработка. Важно е да падне ДУИ и Теута Арифи, која заслужува нула гласови затоа што ништо не сработи за Тетово“, истакна Азири.

Покрај Азири, во „Click Plus“ на ТВ21 гостува и Арбер Адеми.