Алиу: Компаниите во ТИРЗ зоните ги користат бенефициите, а македонскиот пазар нема никаква корист

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Нухи Алиу во емисијата Бизнис21 на ТВ21 порача дека компаниите во ТИРЗ зоните ги користат бенефициите, но македонскиот пазар нема никаква корист.

„ТИРЗ зоните биле во многу подобра ситуација при доаѓаањето кај нас, затоа што се странски фирми, но сето тоа што го работат, само ги користитат бенефициите, а ништо пазарот на Македонија нема ништо од тоа. Затоа што тие прозведуваат за надвор, и профитот го носат надвор. Бенефициите се добри за нив, а не за нас“, вели Алиу.