Алиу: Постојат компании кои ги зголемија платите, но и такви кои не даваат плати

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Нухи Алиу во емисијата Бизнис21 на ТВ21 укажува дека иако дел од компаниите во земјата успеале да ги зголемат платите на вработените, постојат и фирми кои се соочуваат со сериозни финансиски тешкотии и не можат редовно да ги исплаќаат.

„Постојат компании кои не даваат плати, и тоа не е непозната појава. Како економисти знаеме дека може да се случи одредени фирми да не бидат ликвидни и да немаат средства за исплата на платите“, изјави Алиу.

Тој нагласи дека платите генерално се зголемени во повеќе сектори, но не сите компании имаат еднакви можности да го следат тој тренд.

„Има компании кои беа подготвени и ја зголемија минималната и просечната плата, но има и такви кои немаат стабилна позиција на пазарот, не можат да ги пласираат своите производи и да остварат профит. Тие компании, едноставно, не се конкурентни“, додаде Алиу.

Според него, решението лежи во подобрување на пазарната конкурентност, пристапот до финансии и создавање услови за стабилно и предвидливо деловно опкружување.