Претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Нухи Алиу, изјави дека дел од странските работници ангажирани во домашните компании, особено во градежниот сектор, покажуваат поголема продуктивност и посилна работна етика од локалната работна сила.
„Не сме задоволни од увезените работници, исклучок во градежништвото, тука тие луѓе го покажуваат своето знаење и труд, и вредат повеќе од нашите работници“, изјави Алиу.
Тој посочи дека секаде во овој дел се бараат добри работници.
„Ние како како стопанска комора дури покреневме и една иницијатива да се отворат, значи, некои центри за обука, за тренинг на овие занатчиите, оти тие знаете како, сега ние немаме, порано имавме и осмолетки и средни школи кои, каде што ги спремавме тие работници- Значи, за некој занат и тука имавме, значи, беше сè ОК. Но, во последниве години ние немаме такви школи, така да дури одевме до тоа да се отворат такви центри, такви школи, каде што ќе се тренираат, ќе се обучат, значи, работниците што им припаѓаат на градежниот сектор“, додаде Алиу.