„Алтернатива е потценета во коалицијата со Алијанса“ – Соработката со ВМРО-ДПМНЕ Заев ја нарече брак осуден на развод

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СДСМ нема да повикува на гласање ниту за Теута Арифи од ДУИ ниту за Биљал Касами од Движење Беса за вториот круг од изборите во Тетово.

Во текот на емисијата Клик Плус на ТВ 21, Заев ја коментираше коалицијата меѓу АА и Алтернатива. Вели дека партијата на Гаши е сериозна но потценета од АА.

Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ  и  АА-ААА  ја нарече брак осуден на  развод.

Заев меѓу другото говореше и за  парламентарното мнозинство истакнувајќи дека  земјава нема потреба од предвремени парламентарни избори, туку дека сега е потребно да се фокусираме на излез од кризата со Ковид 19, економскиот развој и патот кон ЕУ.