Амбасадорот Марковски во работна посета на Драч

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поттикнувањето на економско-трговската соработка помеѓу Република Албанија и Република Северна Македонија, разгледување на можностите и потенцијалот за подигање на нивото на туристичката соработка, како и сообраќајното поврзување на двете земји, беа главните акценти од денешната посета на Драч на амбасадорот Данчо Марковски, информираа од македонската амбасада во Тирана.

Марковски во Драч бил придружуван од министерот- советник Сашко Ташулов и вториот секретар Блерта Сали.

-На средба со градоначалничката на Драч, Емириана Сако, беа разменети идеи и можности за зајакнување на соработката во областа на економијата, културата, образованието и други области. Беше договорено во иднина да има учество на македонски артисти и културни групи на меѓународни културни активности кои се одржуваат во Драч, стои во објавата на амбасадата.

Се додава дека Драч е збратимен со Куманово, па оттука се истакнало значењето  да се ревитализира ова соработка.

На средбата со претседателот на стопанската  и индустриска комора на Драч, Албан Истери била нагласена важноста за интензивирање на меѓусебните контакти на коморите на двете земји, преку заеднички организирани настани (Б2Б и сл) со цел зајакнување на економската соработка, а и зголемување на трговската размена.

-Директорот Истери, информираше дека во моментот гледа голем потенцијал за македонските фирми во соработка со албанските фирми да се фокусираат за извоз на нивните производи во земјите на ЕУ, а посебно во Италија, со која Албанија веќе има добра соработка, наведуваат од амбасадата.

За време на престојот во Драч, остварена е средба и со  генералниот директор на пристаништето, Пиро Венгу, кој ифнормирал за начинот како функционира пристаништо, а информирал и за големата инвестиција од ЕМАР за изградба на новото пристаништво на Драч. Биле  разгледани и можностите што поголем број македонски фирми да го користат ова најголемо албанско пристаниште.