Амбасадорот Рокас во посета на Тетово – ЕУ најголем финансиер на проекти во Тетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најголемиот проект досега реализиран во Тетово е финансиран од Европската Унија. Станува збор за станицата за отпадни води која е проценета на над 50 милиони евра. Според градоначалникот на општината Биљал Касами има и многу други проекти кои се поддржани од ЕУ.

„Има неколку вакви проекти кои се многу значајни за Тетово и неговите граѓани, ќе напоменам само еден кој е во завршна фаза од резимето на компаниите кои ќе го реализираат овој проект и има врска со третман на отпадните води за Тетово, колекторот и филтер-станицата која веќе е во фаза на евалуација на понудите за избор на фирмата имплементатор и тоа е проект кој  надминува сума од 50 милиони евра и е еден од најважните проекти во целата историја на општината Тетово“, вели Биљал Касами.

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека соработката со општината трае одамна, додека според него поддржаните проекти зборуваат за интересот на ЕУ за општината и нејзините граѓани.

„Како што знаете, имаме долга соработка со општината, морам да кажам дека е многу добра соработка, успешна е во многу области кои влијаат на секојдневниот живот, без разлика дали се работи за нов проект за чист воздух или главниот проект кој штотуку го спомнавте,  проектот за вода. Планот за третман на отпадот и другите проекти што ги спроведуваме без разлика дали има врска со дигитализација на старт-ап или градење градинки“, вели Михалис Рокас.

Рокас се сретна и со општинските советници, а ја посети и Канцеларијата на ЕУ во Тетово.