Американската амбасада во Македонија, на својот профил на „Фејсбук“ објави важна информација за своите граѓани кои се наоѓаат во нашата земја, а сакаат да се вратат во САД, дека има авион кој ќе лета од Скопје за Цирих на 29. април, а потоа од таму ќе бидат превземени кон САД.
„Порака за жителите на САД во Северна Македонија: Ер Приштина ќе лета од меѓународниот аеродром Скопје до Цирих, Швајцарија на 29 април во 12:55 часот попладне. Резервирајте лет он-лајн, или со вртење на телефонот +383 38 222 099.“, се наведува во соопштението.
Потоа од Цирих по различни рути, граѓаните на САД ќе може да се вратат во своите домови за време кога поголемиот дел на аеродромите се затворени.
