Американски лекар кој беше заразен со ебола во Конго, пуштен од болница во Германија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија откако се опоравил од потенцијално фаталната болест, објавија денес американските медиуми.

Питер Стафорд работел со мисионерската група Серж во Конго кога бил заразен со вирусот, соопшти групата претходно.

Тој беше евакуиран во болница во Берлин на 20 мај, а неговата сопруга, исто така докторка која волонтира во групата „Серж“, и нивните четири деца беа исто така евакуирани и ставени во карантин, објави CBS News.

Стафорд бил лекуван во болницата „Шарите“ во Берлин, една од најдобрите болници во Европа.

Примил антивирусна терапија и дополнителни медицински мерки во текот на првата недела, соопшти болницата денес, додавајќи дека неговата состојба постојано се подобрувала за време на третманот.