Американскиот конгрес одобри 60,8 милијарди долари помош за Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Преставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри испраќање на 60,8 милијарди долари помош за Украина.

Демократите и Републиканците се здружија и после повеќемесочни застои околу обновената американска поддршка, за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија.

Украинскиот претседател Зеленски се заблагодари на одлуката и кажа дека оваа помош ја „одржува историјата на вистинскиот пат“.

„Благодарен сум на американскиот Конгрес особено на партиите и на претседателот Мајк Џонсон на одлуката која историјата ја држи на вистинскиот пат. Демократијата и слободата ќе имаат глобално значење и никогаш нема да пропадне додека САД помага на заштитата. Виталниот закон за американската помош кој денеска е усвоен, ќе спречат ширење на војната, ќе спасат илјадници живот и ќе помогне на нашите нации да зајакнат. Праведен мир и сигурност може да се постигне само со сила. Се надеваме дека предлозите на закон ќе бидат поддржани и од Сенатот и ќе бидат на масата на претседателот Бајден. Благодарам Америка“, напиша Зеленски.