Анчелоти за инцидентот: Винисиус не заслужи црвен картон, требаше и Димитриевски да добие санкција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Бурно“ беше синоќа на Местаља во Валенсија, каде што Валенсија загуби од Реал Мадрид со 1-2 со пресврт во финишот од средбата.

„Љиљаците“ имаа водство кое го испуштија во вториот дел, и покрај промашениот пенал на Белингем. Сепак, натпреварот го одбележа инцидентот помеѓу голманот на Валенсија, македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски и играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, кога Бразилецот го удри нашиот голман во главата, по што заработи црвен картон.

По натпреварот, искусниот Карло Анчелоти најави жалба за црвениот картон.

„Најпрво голманот на Валенсија Димитриевски го испровоцира Вини, и овој му врати. За мене тоа не е црвен картон. Требаше двајцата да добијат жолт, и завршена работа“, рече Анчелоти.

Судиите ја прегледуваа ВАР снимката, по која установија дека Винисиус го удрил Димитриевски во глава, што е недозволиво, и затоа добил исклучување.