Андерсен: Данска и САД воено соработуваат на Гренланд, како и досега

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на данската арктичка команда, Сорен Андерсен, денес изјави дека можноста за американско преземање на Гренланд не го загрижува премногу и дека Данска и Соединетите Американски Држави соработуваат воено како и досега, но дека мора да се направи повеќе за да се одврати каков било руски напад врз тој арктички остров.

Во врска со фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно неколку пати наговести дека Соединетите Американски Држави би можеле да го преземат Гренланд и дека преземањето со сила не е исклучено, Андерсен во интервју за Ројтерс рече дека такво сценарио „апсолутно не му паѓа на памет“.

Андерсен, неколку дена по неговата прва средба со генералот што ја надгледува американската одбрана на областа, Грегори Гуијо, рече дека двете земји, што се однесува до воената соработка, „работат заедно“ како и секогаш.