Доц. д-р Марина Андева од UACS, беше вечерва гостин во специјалното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 посветено на претседателските избори во САД.
Таа напомена дека делегатите и електроратите секогаш имаат право да го променат своето мислење.
„Морам да напоменам дека , бидејќи целиот процес е комплексен, делегатите и електроратите секогаш имаат право да го сменат своето мислење. Не значи дека ние, како граѓани ако гласаме за една листа на електрорати/делегати од републиканците или демократите, дека 100 отсто ќе се отсликува нивниот глас во декември, тие можат да сменат“, додава Андева.
Таа додава дека тие можат да го променат својот глас, да не гласаат воопшто, па во зависност од тоа се повеќе се комплицира изборниот процес.
