Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21, истакна дека неговата фокусираност останува на реализирање на проекти и политики кои го приближуваат дигиталното управување до граѓаните, без разлика на евентуалната реконструкција на Владата.
„Моја задача е да испорачувам резултати, сега веќе не само за партиските обврски, туку за државата и Владата. Направивме одлични чекори оваа и минатата година – од развој на стратегии и закони до услуги за граѓаните, политики за сајбер-безбедност и приближување на дигитализацијата до секој човек. Тоа ќе го продолжам да го правам додека имам доверба да бидам министер“, рече Андоновски.
Тој додаде дека евентуалната реконструкција на Владата и неговата лична позиција се помалку важни.
„Важно е вистинските луѓе да се на вистинските места и да испорачуваат резултати за граѓаните. Граѓаните со своите гласови испраќаат силни пораки, и за мене е многу поважно дали имаме резултати за нив“, истакна министерот.
Андоновски потенцираше дека неговиот ангажман ќе продолжи до последниот ден на функцијата, без оглед на тоа дали ќе остане на позицијата или ќе ја смени во рамките на Владата.
