Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 изјави дека во комуникацијата со европските партнери не е забележан притисок од типот „булдожер дипломатија“ кон македонската Влада.
„Во ниту еден од состаноците на кои сум присуствувал изминативе години не сме забележале таков обид. Нашите партнери знаат дека овде се луѓе кои влегле во работата со чиста мисла и јасен став и кои го имаат заслужено довербата од граѓаните“, рече Андоновски.
Тој додаде дека, за разлика од претходни влади кои не ја одржувале својата определба, сегашната Влада не прифаќа неприфатливи услови и очекува конструктивен пристап од европските институции.
„Би сакал да видиме поголема динамика од нашите партнери во Европската народна партија и Европската комисија, за да наоѓаме креативни решенија за овој проблем. Историјата покажала дека кога ЕУ сака да најде решение, таа го прави тоа, и се надевам дека ќе покажеме поголема волја за надминување на проблемот“, додаде министерот.
