Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостување во емисијата Клик Плус на ТВ21 истакна дека Македонија е технички подготвена за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија и дека земјата би го надминала напредокот на Албанија и Црна Гора.
„Сигурен сум дека ако утре ги започнеме преговорите, Македонија ќе биде земјата која ќе ги претрка Албанија и Црна Гора. Напредокот што сме го направиле во прилагодувањето на европскиот пазар, приближувањето до единствениот европски дигитален пазар и реформите во јавната администрација го прави тоа можно“, рече Андоновски.
Тој додаде дека моменталните оценки на ЕУ за земјата се под влијание на нерешените политички прашања.
„Сè додека не го разрешиме политичкото прашање, тоа влијае и на другите области и на оценките кои ЕУ ги има за Македонија“, нагласи министерот.
