Андоновски: Соработката со коалициските партнери е солидна, локалните институции покажуваат силен мандат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека соработката со коалициските партнери во владата е „сосема солидна“. Тој посочи дека во неговото министерство заменикот доаѓа од партнерска политичка партија ЗНАМ, што според него придонесува за одлична комуникација и партнерство, со очекување ова да продолжи и во наредниот период.

Во однос на функционирањето на локалните институции, Андоновски рече дека е задоволен, иако некои институции би можеле да работат подобро.

На прашање дали е задоволен од ВЛЕН, Андоновски рече дека е задоволен од функционирањето во некои институции, но и дека во некои други можат подобро да функционираат.

-Покажаа дека има целосен мандат и легитимитет од граѓаните на последните избори на локалните избори покажаа силна поддршка во голем број општини, особено во големите општини и мислам дека во наредниот период со таа реконфигурација на локално ниво, каде што имаат градоначалници, но и на централно ниво, ќе имаат одлични резултати, кои што ќе можат да му парираат на тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави во владата, изјави Андоновски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.