Андоновски: Во моментов има ревизија на кадрите на ДУИ и СДСМ, и резултати веќе има

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„ДУИ треба да помине сериозен процес на реконструкција и да се ослободи од криминалните кадри“, кажа Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација за време на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21 на прашањето дали сегашната власт ќе се смири со ДУИ.

Тој кажа дека во моментов трае ревизија кадрите на ДУИ и СДСМ, и дека веќе резултатите се видливи.

„Сега сме во фаза на ревизија на кадрите на ДУИ и на СДСМ и поведуваме постапки. Резултати веќе има, бевете сведоци на такви ситуации минатата недела. Само во моето министерство детектирани се повеќе од 20 спорни предмети, давани субвенции кои не треба да ги добијат фирми, или не ги исполниле задачите во проектот. Постојат такви кои отвориле фирма, поднеле некоја иновација на пример налепници за брендинг на такси возила, добивале субвенција, и потоа ги затворале фирмите“, рече Андоновски.

Повеќе низ следното видео: