Корисниците на Андроид вечерва добија предупредување преку заштитниот систем неколку секунди пред земјотресот.
Ова е првпат корисниците на овој оперативен систем да бидат информирани за потенцијалните опасности на овој начин. Соопштението дојде секунди пред земјотресот и изненади многу корисници.
Освен што биле информирани дека се наоѓаат во потенцијално опасно подрачје, добиле и упатство како да се однесуваат за време на земјотресот.
Меѓу другото, им било кажано да излезат од куќите, да исклучат гас, да излезат пред и да ги избегнуваат оштетените згради.
