Како што пренесува Wall Street Journal, Google веќе две години наводно работи на поврзување на Android и Chrome OS, а се очекува новиот оперативен систем да го здогледа светлото на денот на почетокот на 2017-та година, додека веќе следната година би требало да биде пласирана првата верзија наменета за „бета“ корисниците.
Tаквото спојување во нов оперативен систем можеби ќе се најде и на пазарот за компјутерите, но се уште не е јасна стратегијата за пласирање на тој нов оперативен систем на пазарот.
Најчесто се споменуват две варијанти: Google, Андроид (за компјутерите) ќе го претстави како проект од отворен код и истиот ќе им биде понуден на сите производители на компјутери, а постои и можност Google да го заштити својот нов оперативен систем и да го пласира само на своите лаптопи од Chromebook линијата.