Ангела Меркел во карантин поради коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германската канцеларка Ангела Меркел, во текот на вчерашниот ден замина во домашна изолација откако била во контакт со лице заразено со коронавирус.

Меркел е информирана дека еден доктор, со кој била во контакт во петок после пладне, е позитивен на Ковид-19.

Германската канцеларка вчера објави нови мерки за заштита против ширењето на коронавирусот, меѓу кои беа и забрана за собирање на повеќе од две лица.

И од домашен карантин Меркел им порача на граѓаните да покажат разум и да ги почитуваат правилата.