„Проценката што ја правиме, проценка за ризик и загрозување на државата, за неколку недели сметано од сега, можеби за еден месец следат поплави во Македонија. Затоа што по ваквите суши, вообичаено се појавува поплава, статистички. Тоа не мора да значи дека ќе има поплави, но уште сега ги предупредувам градоначалниците и сите оние кои стопанисуваат со одводните канали да се фатат за работа и истите да ги исчистат“.
Ова директорот на ЦУК го најави уште пред еден месец. Се чини дека неговата прогноза се исполни. Врнежливо време во изминативе денови, кое ќе потрае до крајот на следната недела. Но, што преземаа надлежните институции? Центарот за управување со кризи ја следи состојбата за да спречи можни поплави. Според директорот на оваа институција, Стојанче Ангелов, исчистени се неколку атмосферски канали, каде состојбата би можела да биде најкритична.
И во деновите што се пред нас ќе има врнежи од дожд, а со намалувањето на температурите на планинските предели можно е да падне и првиот снег, вели метеорологот, Славчо Поповски.
Во Скопје и периферија времето во наредните денови ќе остане облачно и свежо со постојани врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер, а температурите ќе се движат од 11 до 14 степени. Според ЦУК, врнежите помагаат реките да се вратат во првобитната состојба, бидејќи поради високите температури имаше и голема суша.
