Ангеловска: Заем од 400 милиони евра до еврообврзницата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска го објасни планот на финансирање на буџетот во следниот период, донесен на синоќешната седница на Владата.

„Кој е планот за финансирање следниот период? Еврообврзницата е долг процес кој ќе трае два месеци, министеството за финансии предложи да се искористи специјален инструмент, односно заем до еврообврзницата во износ од 400 милиони евра од странски банки со поволни услови, со рок до доспевање 12 месеци, со цел да се финансираат потребите за во секторот здравство и стопанството во следниот период. Овој заем ќе биде целосно отплатен кога ќе се издаде еврообврзницата, а тоа ќе биде кон крајот на оваа или на почетокот на другата година.

Ќе почне процесот идната недела и ќе ги информираме граѓаните. Очекуваме поволна каматна стапка во овој инструмент.

Планираме да се повлчеат 87 милиони евра од ММФ на кои земјава има право, исто така ќе се побарат средства за развојни политики од Светска банка во износ од 100 милиони евра“, изјави Ангеловска.

Овој план го кажа и екс-премиерот Зоран Заев во „КликПлус“ на ТВ21 во четвртокот.