Ангеловски: После вториот гол на Австрија не успеавме да се соземеме

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Селекторот на македонскиот фудбалски национален тим Игор Ангеловски, после натпреварот со Австрија кажа што беше клучно за поразот на отворањето на ЕУРО 2020.

Тој рече дека после вториот гол на Австрија, репрезенатцијата не успеала да се соземе, по што потоа дојде и третиот гол за конечен триумф на Австријците.

„Имаше сегменти кога бевме добри, имаше сегменти кога беше лошо, апротивник како Австрија знае да искористи. Не ни останува ништо друго освен сега да почнеме да се подготвуваме за следниот натпревар со Украина“, изјави Ангеловски.

Тој вели дека нема разочараност, и дека на следните два меча Македонија ќе оди по добар резултат.

„Нема разочараност, има уште два меча да се подготвиме добро и да не ги повториме грешките од овој меч. За мене клучно за поразот беше онаа промашена шанса на Николов, а вториот гол на Австрија после кој не успеавме да се соземеме“, рече Ангеловски.