Англија е првата земја од Европа која обезбеди Светско првенство, еве кои земји досега се пласираа на Мундијалот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со победата вчера над Летонија од 0-5, репрезентацијата на Англија успеа да стане првата земја од Европа која се пласираше на Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.

Англија со оваа победа направи недостижна предност пред Албанија од седум бодови на две кола пред крајот, па така дефинитивно ќе го задржи првото место на табелата.

Португалија вчера исто така беше блиску до Мундијалот, но голот во последните секунди на Унгарија придонесе мечот да заврши 2-2, па така селекцијата на Кристијано Роналдо ќе почека за да го запечати учеството на Светското првенство.

Вчера уште неколку селекции обезбедија учество на Мундијалот. Досега на собирот на најдобрите светски селекции идната година се пласираа: САД, Мексико и Канада како домаќини, потоа Јапонија, Австралија, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Нов Зеланд, Бразил, Колумбија, Уругвај, Еквадор, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Капе Верде, Јужна Африка, Катар, Англија, Брегот на Слоновата Коск и Саудиска Арабија.