Англија со уште една неубедлива партија, освои само бод против Данска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден од најголемите фаворити за освојување на титулата Англија, одигра уште еден блед натпревар, иако освои бод кој што го доближи до 1/8 финалето. Англичаните исто како со Србија, тргнаа фуриозно, го притиснаа противникот, поведоа, а потоа огромен пад кој овој пат Данска го искористи, а на крајот можеше да дојде и до победа.

Англија со ништо не покажа дека е фаворит, особено во вториот дел кога Данска во финишот имаше и шанса да дојде до гол и до трите бода.

„Гордиот Албион“ уште во 18. минута поведе со голот на Хари Кејн. По една акција на десната страна, Кејн ја искористи грешката на одбраната и ја спроведе топката во мрежата.

По голот, почна доминацијата на Данска, која преку Хјулманд успеа да израмни. Данецот остана сам на 25 метри, никој не го чуваше, упати прецизен удар во долниот десен агол. Среќа за Англија што игра со Словенија во последното коло, но има капитал од четири бода, додека Данска со два бода влегува во пресметката со Србија во третото коло.