Англија е вториот финалист на ЕУРО 2020 со победата над Данска вечерва дури по продолженијата и со пресврт. За Англичаните ова е прво финале во историјата на Европските првенства и ќе се обиде против Италија да дојде до првиот европски трофеј.
Данците имаа водство во 31. минута со гол на Дамсгард од слободен удар, но автоголот на Кјер во 39. минута им помогна на Англичаните да да дојдат до израмнување.
Немаше промена на резултатот се до крајот на натпреварот, по што се премина кон продолженија.
Таму Англија со гол од сомнителен пенал дојде до водство. Прво Кејн не реализираше, Шмајхел одбрани, а одбиената топка токму до Кејн, за да спроведе во мрежата.
