Антеа од Сараево е заштитно лице на Светското првенство во Катар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

АНТЕА Хофман од Сараево е заштитно лице на рекламата за Светското првенство кое треба да започне во Катар.

Убавата Антеа се појавува во рекламите на Qatar Airways, која е генерален спонзор на првенството.

Антеа и претходно се појавуваше во реклами на Катар ервејс.

Антеа пред неколку години замина од Сараево во Катар, каде што почна да работи како стјуардеса во една од најуспешните авиокомпании во светот, пишува Klix.ba.

Таа минатата година дипломираше на Правниот факултет, а додека беше во главниот град на Босна и Херцеговина, работеше како консултант за убавина во една козметичка компанија.