Антикорупциска не секогаш е во право – Заев: Функционерите не се корумпирани, туку администрацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Коментирајќи го извештајот на Американскиот стејт департмент, премиерот Заев рече дека корупцијата не е меѓу функционерите. Според него, корупција има во функционирањето на администрацијата, затоа додаде дека нема да се бара одговорност од вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Позитивен сегмент што се спомнува во Извештајот е работата на Антикорупциска, која отворила повеќе истраги против високи функционери. Заев рече дека за разлика од минатиот формат на Антикорупциска, сега овој формат за околу 50 пати повеќе ги спроведува одлуките. Меѓутоа, Премиерот вели дека комисијата за борба против корупција не сеј=когаш е во право.

Иако власта постојано истакнува дека се подобрува во правец на спречување на криминалот и корупцијата, во извештајот на Стејт департментот кој е објавен пред неколку дена, се подвлекува дека главен проблем на Македонија е токму корупцијата. Исто така се истакнува дека иако има добри закони за борба против оваа појава, сепак нивното спроведување е слабо и селективно.