Антикризните мерки утре на Влада – ќе бидат опфатени 400.000 граѓани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На утрешната владина седница се очекува да бидат усвоени антикризни мерки со кои ќе бидат опфатени над 400 илјади граѓани.

Ова го најави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој рече дека средствата за овие мерки ќе бидат обезбедени од солидарниот данок.

„Средствата ќе бидат искористени за антикризни мерки коишто очекуваме веќе утре да бидат на седница на влада и се насочени кон најранливите категории на граѓани, овде спаѓа најголемата група на граѓани а тоа се пензионерите кои што ќе добијат одреден надомест наредните неколку месеци, ученици, студенти, самохрани родители итн, буквално најранливите категории, опфатот ќе биде навистина голем. Преку 400. 000 граѓани ќе бидат опфатени со мерките и за тоа се користат средствата од солидарниот данок“, вели Битиќи.