Апел за помош на Методија: Потребни околу 80.000 евра за лекување во Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Семејство од Македонија упатува итен апел за хуманитарна помош за лекување на татко и сопруг, кој се соочува со тешка здравствена состојба – карцином на желудник. За продолжување на лекувањето во Турција потребни се околу 80.000 евра, сума што семејството не е во можност самостојно да ја обезбеди.

Како што наведуваат блиските, станува збор за битка за живот, во која зад болниот стојат две малолетни деца кои го чекаат својот татко да ја победи болеста. „Денес не бараме многу – бараме живот“, порачуваат од семејството.

Сите хумани граѓани кои сакаат и можат да помогнат, тоа можат да го сторат преку донација на телефонските броеви или со уплата на жиро-сметката:

Телефонски броеви за донации:
– Телеком: 143 171
– А1: 143 666

Трансакциска сметка:
300007104223679 – Комерцијална банка АД Скопје
Цел на дознака: Донација за Методија Зврцинов

Секоја донација, без разлика на износот, може да значи чекор поблиску до спасување на еден живот.