Во изминатите денови, екипите на сектор Канализација и
Механизација при ЈП Водовод и канализација – Скопје повторно се
соочија со затната канализација, како резултат на неодговорно и
несовесно користење на канализацискиот систем.
„Во село Драчево, на ул. Речиште беа исчистени и одзатнати пет
шахти со длабочина од 4 метри како и цевките кои ги поврзуваат.
Причина за нивно затнување беше отпад од секаков вид. Апелираме
на совесно и одговорно користење на канализацискиот систем и
потсетуваме дека истиот не е место за одлагање на отпадот“ –
посочија од сектор Канализација.
