Апелациониот суд ја одби гаранцијата од 30.000 евра – браќата Усеини остануваат во притвор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Апелациониот суд во Битола ја поништи одлуката на охридскиот Основен суд за Нефи Усеини, бизнисмен и советник на ДУИ во Советот на Општина Охрид, и неговиот брат Ибро Усеини за да се бранат од слобода, откако тие претходно приложиле гаранција од 30.000 евра.

Предметот е вратен во судот во Охрид, а браќата Усеини остануваат во притвор каде се сомничат за кривично дело насилство.

Претходно, Усеини шест дена не беа достапни за истражните органи, а потоа сами се пријавија за издржување на мерката притвор на 26 август во затворот во Охрид.

Мерката притвор, која е во времетраење од 8 дена, истекува во четврток.

Инаку, освен за насилство, против нив се води и истрага за кривично дело „недозволено поседување на оружје“. Браќата се товарат за напад на охриѓанецот Спирко Топалоски во инцидентот којшто се случи во хотел во Охрид.

error: Content is protected !!