Апелациониот суд во Париз денес го прифати барањето на поранешниот француски претседател Никола Саркози да биде условно ослободен, што значи дека тој денес ќе го напушти затворот Ла Санте.
Во пресудата се наведува дека „нема ризик од криење докази, притисок или соучесништво“ и дека „продолжениот притвор не е оправдан“, објавува Фигаро.
На Саркози му е доделен судски надзор, што значи дека нема да може да ја напушти Франција.
