Апликацијата „Тик Ток“ не работи – забрана или технички проблем?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Корисници од Северна Америка и Европа денеска информираа дека популарната социјална мрежа за споделување на видеозаписи „Тик Ток“ паднала после 14:00 часот по локално време, посочуваат од „Downdetector“, портал за мониторинг на интернет проблеми.

Од таму наведуваат дека повеќе од 17.000 корисници пријавиле проблеми со популарната апликација.

Луѓето се жалеле дека не можат да поставуваат видео клипови на „ТикТок“ и дека лајковите се ресетирале на нула.

Од „Тик Ток“ на Твитер напишаа дека се свесни оти некои корисници доживуваат проблеми, и посочуваат дека нивниот персонал „работи на брзо решавање на проблемите“.

Претходно, во средата државниот секретар Мајк Помпео истакна дека Вашингтон „сигурно ја разгледува“ забраната за социјалната мрежа „Тик Ток“, како и другите кинески апликации кои се под водство на Индија.

Во изборнта кампања во Македонија дел од политичарите ја користеа и новата апликација Тик Ток па преку интересни соодржини се обидуваа да добијат глас повеќе.