Анализирајќи ги резултатите од првиот круг на локални избори, политичкиот аналитичар Никола Србов во „Клик Плус“ потенцира дека апсолутен губитник е АКИ, додека кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ биле според очекувањата.
„Кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е чиста работата, сите очекуваа ваков резултат на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и СДСМ, односно сите од нивниот табор очекуваа ваков непријатен резултат на овие избори. Перцепцијата што се очекувашем а што се доби е во т.н. албански блок. Перцепцијата беше дека ДУИ (НАИ) ќе излезе и ќе изгази се пред себе, и повикуваа да се оди одма на парламентарни избори, а се случи обратното. ВЛЕН сега е во предност, победи во најголемите бастиони на албанските партии, и тука е тоа НАИ како политичка партија со перцепцијата која ја создаде е најголем губитник. ВЛЕН си водеа потивка кампања, и тоа даде резултат“, рече Србов.
