Археолози: Најстариот цртеж на животно направен e пред 45.500 години

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Археолозите веруваат дека го откриле најстариот цртеж на животно насликано од човек – слика на свиња нацртана пред 45.500 години во пештера на индонезискиот остров Сулавеси, место познато како Леанг Тедонгџ.

Прелиминарните тестови открија дека цртежот, откриен во 2017 година, е стар околу 45.500 години, но докажувањето на оваа информација траело со години, покажува новата студија објавена во „Science Advances“, пренесува New York Post.

Постојат неколку слики од свињи, а една се издвојува – на тркачка свиња, зад која се наоѓаат рацете кои се обидуваат да стигнат до животното.

Можно е цртежот да е изработуван неколку години, бидејќи за завршување на ова дело биле користени различни бои, а во блиската пештера била нацртана дива свиња, а тој цртеж е стар 32 000 години.