Арифи бара одложување на учебната година – Хасани: Тетово не е сираче, имаме слободни легла

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжува лошата состојба во Тетово, од Ковид-19. Поради тоа Кризниот општински штаб на Тетово предложи до КЗБ и МОН во овој град наставата со физичко присуство да се одложи за 3 недели.

„Имајќи ја предвид влошената епидемиолошка состојба во Тетово и Полог, бараме од МОН и Кризниот штаб при Влада на РСМ, да се одложи почетокот на учебната година со физичко присуство за 3 недели за основно, средно и високо образование. Имајќи го предвид фактот дека ова состојба преовладува и во околните општини, апелираме и другите општини на Полог да го поддржат ова барање со цел заедно да придонесуваме во редуцирање на нови случаи на заразени“, посочи Теута Арифи.

Заменик министерот за здравство, Илир Хасани, вели дека Тетово не е сираче и дека ќе направат се за да се надмине оваа ситуација.

„Состојбата навистина кулминира. Сме на граница на капацитетот на болниците во полошкиот регион, но вие треба да знаете една важно нешто, Тетово не е сираче. Во РСМ има и други болнички капацитети кои секој ден се намалуваат од Полог, така да имаме 150 слободни легла на национално ниво, доаѓаат пациенти од целата држава. Мислам дека во принцип воведувањето на други рестриктивни мерки освен овие кои ги имаме нема да бидат многу продуктивни за намалување на бројот на хоспитализирани“, вели Илир Хасани.

Премиерот, Зоран Заев, рече дека нема потреба за карантин во Тетово, а додаде дека состојбата се подобрува.

Во Тетово бројот на починати од Ковид-19 во последните 24 часа е 5, а 208 лица побарале помош во клиниката. Бројот на хоспитализирани е 121 пациенти.