Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми доби признание од УЕФА за најдобар играч на мечот во победата на Динамо Загреб против Челзи од 1:0. Оваа победа е сензационална во Лигата на шампионите.
Меѓутоа Адеми е играчот кој царуваше на средината на теренот, како во дефанзивниот, така и во офанзивниот дел. Имаше неколку добри интервенции, тешко му се одземаше топката, и ги неутрализираше играчите од средината на англискиот гигант.

Адеми играше до 88-мата минута, а вториот наш фудбалер Стефан Ристовски играше цел натпревар.
