Началникот на армијата на Бангладеш Вакер-Уз-Заман денеска објави дека ќе „формира привремена влада“ откако премиерката поднесе оставка и побегна од главниот град поради огромните протести.
„Ја преземам целосната одговорност. Ќе формираме привремена влада. Земјата претрпе многу, економијата е погодена, многу луѓе се убиени, време е да се запре насилството. Се надевам дека по мојот говор ситуацијата ќе се подобри“, рече генералот иако не беше веднаш јасно дали тој ќе застане на чело на преодна влада.