Арсовски: Изборите мора да се одржат со отпечаток од прст, тоа е заведено во законот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска на прес конференција, по прашање од ТВ21 за тоа дали на ВМРО-ДПМНЕ им е прифатливо одржувањето на избори без отпечаток од прст со оглед на тоа дека се уште трае постапката или сепак ќе бараат одложување на локалните избори, посочи дека тоа не е прашање на желба за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ сака или не сака, туку тоа е прашање на закон

„Тоа е влезено во законот и изборите мора да се одржат со отпечаток од прст. Тоа е заведено во законот и изгласано од страна на Собранието на Македонија, и нема што да се коментира по однос на тоа. Изборите мора да се одржат со отпечаток од прст“, порача Арсовски.