Артан Груби во „Click Plus“: Премиер Албанец? Мицкоски е согласен!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува првиот вицепремиер, Артан Груби, од редовите на ДУИ со кого разговаравме за актуелни теми.

Груби откри дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е веќе согласен за во последните 100 дена на Владата на чело да застане премиер Албанец.

„Договорот меѓу ДУИ и СДСМ е да има премиер Албанец 100 дена пред избори. Тоа е разговарано со Заев и Ахмети. Интересно е дека и Заев предвидел дека последните 100 денови на Владата ќе ги води премиер Албанец. За тоа е согласен и Димитар Ковачевски верувам. Е сега, да кажам дека и ВМРО-ДПМНЕ се согласни да има премиер Албанец. Тоа е разговарано меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Се мисли на последните 100 дена на оваа Влада. Лично за ова разговарале Ахмети и Мицкоски“, порача Груби.