Артан Груби во стилот на Еди Рама – не одговара на обвинувањата на Изет Меџити

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот вицепремиер Артан Груби одбива да одговори на новинарско прашање за обвинувањата од страна на заменикот Изет Меџити кон него, но и кон министерот Бујар Османи.

Тој одлучи во стилот на премиерот на Албанија, Еди Рама да го избегне прашањето на новинарот.

Покрај одговорот на стилот на Рама, првиот вицепремиер носеше и спортска облека, нешто што често се гледа кај албанскиот премиер Еди Рама.